е-индекс


Интегрираниот студентски информационен систем на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип претставува интегрирано современо софтверско решение за управување со сите работни процеси и процедури во рамките на студентска служба. Имено, стратегијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е студентот да биде во центарот на вниманието, кое преку ефикасна администрација и наставен кадар, строго дефинирани работни процеси и процедури и интегриран студентски информационен систем допринесува до квалитетно и ефикасно високо образование.
Самата имплементација подразбира дизајнирање на систем кој овозможува автоматизирање на процесите кои се реализираат од различни таргет групи при процесот на студирање на еден студент, односно имплементирање на сите правила и процедури кои се однесуваат на начинот на студирање согласно Статутот и правилниците на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, како и Законот за високото образование и сите подзаконски акти корелирани со истиот. Ова софтверско решение претставува скалабилно решение во однос на неговата системска имплементација, што овозможува системски проширувања во иднина со цел постигнување на повисок степен на интероперабилност, како и системско поврзување со други внатрешни и надворешни информациони системи.
Како составен дел на целиот систем е електронскиот индекс на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип кој претставува софтверско решение кое овозможува реализација на еден сосема нов и модерен начин на студирање на студентите. Основна цел на системот за електронски индекс за студенти и системот во целост е да му понуди на секој студент управување со неговиот електронски индекс (и од страна на студентот и од страна на Универзитетот), преку кој секој студент ќе може да ги реализира сите активности од студиски и административен карактер во однос на неговото студирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Консеквентно, електронскиот индекс на секој студент претставува централна точка за студентот преку која истиот комплетно ќе може да го реализира своето студирање од секој можен аспект, како што е:

  • Електронски упис на семестар;
  • Електронска заверка на семестар;
  • Електронско пријавување на испити;
  • Електронско пријавување на семинарски работи;
  • Електронски консултации;
  • Електронска огласна табла;
  • Побарување (резервација) на соодветни документи кои се издаваат од студентска служба; и
  • Реализација и електронски преглед на финансиски трансакции.
Придобивките од имплементација на еден ваков студентски интегриран информационен систем се следните:
  • Ефикасно и централизирано управување со податоци;
  • Минимизирање на грешки предизвикани од човечки фактор;
  • Високо ниво на транспарентност;
  • Овозможување на студентите да земат проактивна улога во целиот процес на нивното студирање;
  • Заштеда на време и трошоци;
  • Оперативна ефикасност; и
  • Целосно електронско учење.


Што е ТЕМПУС?
ТЕМПУС (Транс – Европска мобилна програма за универзитетски студенти) програмата ги поттикнува институциите во земјите членки на ЕУ и земјите- партнери да се вклучат во структурирана соработка преку создавање на "конзорциуми". На "конзорциумите" имплементираат заеднички европски проекти (JEPs) со сет од јасни цели. Таквите проекти можат да добијат финансиска помош за две или три години. Темпус исто така, обезбедува индивидуална мобилност на грантови (IMGs) на поединци кои работат во секторот за високото образование со цел да им помогнат да работат на одредени активности во другите земји.


УГД - Центар за електронско учење - Штип