Проект Tempus JPGR 511342 - iKnow


Главна цел на овој проект е да се модернизираат студентските активности во рамките на универзитетот со воведување на иновативни содржини и управување со IT дизајн подржан преку eServices, се со цел да се овозможи интеграција со Е-владините услуги во Европа и приближување на информатичкото општество со економијата базирана на знаење. Основна цел е да се развие дизајн и да се овозможат услуги за реализација на eStudent информативен систем за:

  • Процес на запишување;
  • Управување со идентитет, преку контрола и дозвола на пристап;
  • Управување со универзитетски услуги и користење на ресурси (сметководство);
  • Администрација на europassCV, ЕКТС, додаток на дипломата и други сертификати;
  • Администрација на студентските активности;
  • Администрација на регистрање и распоред на часови и задачи;
  • администрација на акедемските резултати, вклучуајќи курсеви, тестирање и резултати од учењето.

Покрај промената на документите со електронски услуги, ваквата работа ќе овозможи ре-дизајн на работните процеси, преку иновации и примена на менаџмент технологии.
За да се реализираат поставените цели, ќе започнеме со истражување на начинот на работа и искуствата од другите универзитети во ЕУ, и како тие ги решаваат проблемите со кој се соочуваат. Предложените активности ќе ја претставуваат работата на процесите предложена од страна на сите корисници низ универзитетите, а целиот процес ќе помогне за подобро спроведување на Болоњскиот процес и приближувањето кон EHEA. За да се постигнат вакви резултати, очекуваме добра соработка помеѓу партнерите, и поддршка и искуство од партнерите од ЕУ.
Овој проект ќе резултира со: нов, одржлив, стратешки и реформски капацитетен систем, кој ќе им овозможи услуги не само на институциите, туку и на сите заинтересирани студенти и заедницата воопшто. Овој проект има иновативни карактеристики кој ќе овозможат отворен и повеќејазичен пристап, транспарентност во работните активности кои се компатибилни со стандардите на ЕУ.
Тој ќе функционира како портал кој ќе овозможи динамичен систем на податоците и ќе даде можност за ажурирање на структурираните информации, текот на документите и следење на работните активности.
Ние предлагаме систем кој ќе ги исполнуваа стандардите поставени од ЕУ, интегрирана средина и лесен трансфер до и од другите институции, воспоставање на инфраструктура за имплементација на интегриран универзитет.


Што е ТЕМПУС?
ТЕМПУС (Транс – Европска мобилна програма за универзитетски студенти) програмата ги поттикнува институциите во земјите членки на ЕУ и земјите- партнери да се вклучат во структурирана соработка преку создавање на "конзорциуми". На "конзорциумите" имплементираат заеднички европски проекти (JEPs) со сет од јасни цели. Таквите проекти можат да добијат финансиска помош за две или три години. Темпус исто така, обезбедува индивидуална мобилност на грантови (IMGs) на поединци кои работат во секторот за високото образование со цел да им помогнат да работат на одредени активности во другите земји.


УГД - Центар за електронско учење - Штип